Пелистер – Струмица 80:70 (36:35)
Спортска сала “Младост“ во Битола
Гледачи: 300
Судии: Деспотовски, Тасевски, Лазов.
Пелистер: Николовски 2, Луис 19, Давков, Атанасовски 23, Голубовиќ 12, Трсунов 2, Бошевски 2, Анакиевски 16, Трајковски 3, Печалев, Обедниковски.
Струмица: Цветков 12, Мрковиќ 15, Шајкаров 10, Цариќ 14, Стојановски 4, Абрашев, Стојменов 5, Абазовиќ, Хикман 2, Митев 8.
Кошаркарите на Пелистер денес во спортската сала “Младост“ во Битола ја продолжија победничката серија, а ја забележаа четвртата победа по ред. Овој пат “жртва“ беше екипата на Струмица која само во првата четвртина беше подобра екипа и успеаја да имаат мала предноста на крајот од 13:17.
Втората четвртина полека ги постави работите на свое место и со цврта одбрана и погодување во напад не само што ја анилираа предноста, туку дојода и до водство од еден кош 36:35, а со тој резултат се замина на одмор.
Третата четвртина беше пресудна за струмичани, а им “пресудија“ Атанасовски, Анакиевски и Луис направија висока серија од 28:10 и го решија победникот.
Во последната четвртина екипата на Струмица имаше иницијатива и намали на девет поени, но Пелистер не дозволи изненадување и заслужено славеше нова победа во плеј-аутот.
Најефикасен во екипата на Пелистер беше Горјан Атанасовски со 23 поени, а американскиот интернационалец Луис со 19 и капитенот Анакиевски со 16 поени.






