Press "Enter" to skip to content

Победа на Пелистер за поголема самодоверба против Еурофарм Работник

Пелистер – Охрид 32:29 (14:14)

Ракометарите на Пелистер ја победија екипата на Охрид, а тоа им е прва победа во плеј-офот која сигурно ќе им донесе поголема самодовераб пред вториот круг од разигрувањато и реваншот против градскиот ривал екипата на Еурофарм Работник.Екипата на Охрид цврсто тргна во натпреварот и имаа водство дури и од 4 гола разлика, а на средината на првото полувреме беше 4:8 за охриѓани, но ракометарите на Пелистер до крајот на првото полувреме стигнаа до реми 14:14, а претходно беше и 12:12.

Вториот дел започна со водство на Пелистер, а потоа ја одржуваше малата предност, за некаде во средината на второто полувреме да биде повторно реми 21:21. Но, тогаш “пелистерци“ тргнаа во одлучувачки напади се одлепија на +3 (25:22, 26:23, 27:24).  Димитровски за првпат донесе +4 за Пелистер, а Охрид се врати на -2 на минута до крајот, па Петрески имаше тајм-аут, но Везенковски и Чуриќ погодија за победа со 32:29.

 

Најефикасни во победничкиот тим на Пелистер  беа Чуриќ со девет и Орјоникидзе со седум гола.