Пелистер – Академија Пандев 1:3 (1:1)
Екипата на Пелистер попладнево во Битола ја пропушти големата шанса за опстанок во Првата лига и не ја победи екипата на Академија Пандев и наместо со 34 бода да биде на посигурно место на табелата сега е последен со 31 бод. Пелистер не ја искористи можноста за повисок пласман по порзот на Победа и ремито на Скопје. Вака останува “пелистерци“ и љубителите на фудбалот во Битола да прават нови математики во завршницата од лигата.
Екипата на Пелистер прими два “ефтини“ гола на полетокот на првото и на почетокот на второто полувреме. По првиот гол се вратија во резултатска игра, но по вториот немаа сили за нов пресврт.
Првиот примен гол за Пелистре беше по шансата на Маневски во 3. минута по што следуваше контра напад струмичани поведоа кога Миловановиќ од втор план налета и со удар по земја го совлада Атанасовски. По голот следуваше иницијатива на Пелистер, а шанси имаа Трифуновски и Трајковски. Во 30. минута судијата покажа на белата точка по играта со рака, а Трифуновски пеналот го претвори во гол за израмнување 1:1.
Второро полувреме започна како реприза за првото, а по 2 мунути игра беше 1:2 со голот на Чешмеџиев кој со глава го надмудри голманот на Пелистер. Пелистер по примениот гол трга во напад но не стигна до ново израмнување. Во овој период како да го немаа завршниот удар кон голот на “Пандевци“, а бележиме неколку посериозни обиди на Љамчевски, Ристевски, Маневски…
Во 88. минута судијата досуди и втор пенал овој пат за Академија Пандев во 88. минута која го погоди Балдовалиев.






