Press "Enter" to skip to content

Оливера Наковска – Бикова “испука“ бронза со воздушен пиштол на Светско во Јужна Кореја

Битолчанката Оливера Наковска – Бикова учествуваше на Пара светското првенство во стрелаштво кое се одржа во градот Чеонгју, Јужна Кореја и ја продолжи традицијата од вакви големи настани да се враќа со медали.

Овој пат Оливера Наковска – Бикола не само што освои бронзен медал туку израмни светски рекорд и обезбеди норма за Параолимписките игри кои ќе се одржат во Токио. Со овој резултат таа е првата спортистка од Македонија со директна норма за учество во Токио 2020 година.Наковска – Бикола во дисциплината воздушен пиштол, во конкуренција на 31 натпреварувачка го изедначен светски рекорд од 570 кругови, а во финалет го освои третото место со резултат од 214,3 кругови.

Ова за нашата сограѓанка е трет последователен бронзен медал за нашата Оливера по медалите во Загреб во 2010 и во Сул во 2014 година. 

Покрај дисциплината воздушен пиштол Наковска – Бикова на Светското првенство настапи и во дисциплината спортски пиштол – 25 метри и со резултат од 569 кругови влезе во финалето како четвртопласирана и oбезбеди директна норма за учество на следните Параолимписки игри. Подоцна во финалето Оливера го зазеде шестото место.