Само по неколку дена од добивањето на официјалната покана за КК Пелистер да игра во АБА2 лигата, вратен е одговор дека поканата е прифатена и во Битола ќе се играат натпревари од овој повисок ранг на натпревари.
Управата на КК Пелистер по неколку дневни размислувања и консултации со спонзорите и кошаркарски работници донесе позитивна одлука, а претсетелката Мери Ковачевска вели:
-На мое големо задоволство, прифатена е поканата за настап во АБА2 лигата. Ова натпреварување ќе биде голем предизвик како за кошаркарите, тимот и стручниот штаб, така и за нас како управа и сигурна сум дека ќе ја оправдаме довербата која ни ја даде организаторот на АБА2 лигата и додава дека покана за играње не е вајлд-карта, туку е стекната е со својот настап и првото место во регуларниот дел на шампионатот во изминатата сезона.
За настапите, во ова второ по квалитет кошаркатско натпреварување во регионот, Пелистер ќе мора значително ќе го зголеми буџетот, а и да се засили играчкиот кадар и ќе игра наизменично во домашното првенство и во АБА2 лигата. Затоа веќе во следните неколку дена се најавува потпис на неколку македонски кошаркари, некои од нив и репрезентативци.
Во Битола пристигнаа Младеновиќ и Чиз, кои ќе ги започнат подготовките со кошаркарите кои од ланскиот ростер кои ги продолжија договорите Кесар, Трајковски, Стајиќ и Николиќ.










