Денес во вакциналиот пунк во Битола, во спортската сала на медицинското училиште “Јован Калаузи“ ракометарите на Еурофарм Пелистер ја примија првата доза од вакцината за имунизација на ковид-19.
Вакцинацијата ракометарите во Битола се одржа по претпладневниот тренинг, при што ги добија и препораките и советите од лекарите како да се однесуваа во наредните денови.
“Пелистерци“ по препораките од лекарите добија и два слободни дена од тренерот Бабиќ, кој денес беше на списокот за вакцинација.
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер изразува благодарност до здравствените власти за соработката и поддршката, бидејќи клубот во соработка со здравствените власти комплетно ја обезбеди и организираше имунизацијата.
Ревакцинацијата е закажана за 24 август.
Редовните ракометни обврски ракометрите ги продолжуваа в петок кога “пелистерци заминуваат“ на викенд во Маврово, каде ќе одиграат два контролни натпревари против Еурофарм Пелистер 2 од Битола кој се веќе во Маврово и Металург.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се вакцинираа за имунизација на ковид-19 (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)









