Пред второто коло од Првата фудбалска лига екипата на Пелистер ангажира Бразилец, како најново засилување. Се работи за интернационалец Виктор Нилдо Јуфо кој по кратка пауза се враќа во македонскиот фудбал, овој пат во Пелистер, како трет македонски клуб во кој настапувал.
Виктор Нилдо Јуфо е 28 годишен играч за врска, а со ФК Пелистер потпиша договор на една година, а веќе му е на располање на тренерот Димитар Капинковски.
Јуфо својата кариера во Македонија ја започна во Шнендија од Тетово, а потоа замина во Албанија, за да врати во Вардар. По играњето во Индонезија и Бразил, преку Словенија, односно ФК Копер, се враќа во Македонија, и доаѓа во Пелистер.
Фото: ФК Шкендија










