Во Скопје се одржа државно првенство на Македонија во “амерички пул билјард“, а воедно ова беше втор турнир оваа година од “Б“ дивизијата.
Битола беше претставена од четворица играчи, кои на ова првенство како и досега, уште еднаш повеќе од успешно го презентираа битолскиот билјард.
Атракција на турнирот беше Димитар Симовски – Рашка, кој со својата течна игра на патот до финалето го победи во трилер меч минатогодишниот апсолутен шампион, но во финалето беше победен од својот колега и тренинг партнер Тони Петровски. Петровски оправдано ја доби и “титулата“ ѕвезда на Шампионатот.
Христо Василевски во јуниорска конкуренција го плати данокот на неискуство исто како и Теодор Најденов, а двајвата завршија на 13. место и само на момент покажаа од својот раскошен талент.
По успешниот настап на битолчани и сите учесници на турнирот добија честитки за нивниот настап и за прикажаната игра, која и донесе и два медала.










