Пливачите на пливачкиот клуб Југ од Битола вчера се натпреваруваа на првиот пливачки маѓунатоден митинг “ Охрид опен 2021“ кој се одржа на пливачкиот базен кај “Билјанини извори“, а беше во организација на пливачкиот клуб Аљуа Спирит од Охрид.
Југ на овој турнир на кој учествуваа 138 пливачи, од 24 клубови, од Македонија, Србија, Албанија и Косово се претстави во вкупно 9 пливачи во машка конуренција освоија 11 медали, три златни и по четири сребрени и бронзени.
Медали освоија:
-Михаил Петковски, роден 2005 година, освои четори медали, прво место на 100 метри грбно, прво место на 100 краул, второ место на 50 метри краул и 2 место на 50 метри грбно,
-Андреј Лозановски, роден 2007 година, освои три медали, прво место на 100 метри грбно, второ место на 50 метри грбно и второ место на 50 метри градно.
-Лука Талев, роден 2006 година, второ место на 50 метри грбно,
-Јован Илиевски, роден, 2006 година, освои 2 место на 100 метри краул,
-Андреј Китевски, роден 2010 година, освои трето место на 50 метри грбно,
-Максимилијан Лазевски, роден 2008 година, освои трето место на 50 метри делфин.
Тренерот на пливачите на Југ, Михајло Трампевски за учеството и постигнатите пласмани, и освоени медали по враќањето во Битола ни рече:
-Силна конкуренција, не е лесно да се плива со 138 пливачи, но нашите млади натпреварувачи се претставија во најдобро издание, а како резултат на тоа освоивме и 11 медали. Добро работевме летниот период, тренираме по два пати на ден на Олимпискиот базен во Битола, а во тоа темпо и ќе продолжиме. Мене лично ми е посебно криво, што во Охрид не се појавија и нашите млади пливачки кои исто така имаа шанси за освојување на медали, а сиурно ќе беа на победничкото постолје, но се надевам дека на следниот натпревар ќе бидеме комплетни и во Битола ќе донесеме повеќе медали.
А, младите пливачи од Битола нема долго да чекаат да се појават на базенот и да се радуваат на медалите, тоа ќе биде на 19 август во Струга.










