Press "Enter" to skip to content

Менде и Михајло нов ЕХФ судиски пар, продолжува битолската судиска традиција

Ракометната судиска двојка од Битола, браќата близнаци Методија и Михајло Илиевски денови добија признание и верификација за досегашната работа, а тоа е меѓународни ЕХФ судии, а со тоа ја продолжуваат традиција за меѓународни судии од Битола, кои успешно ја делеле ракометната правда на многу ракометни терени низ Европа.

Промоцијата на ЕХФ судискиот пар Илиевски беше на отворањето на кадетскиот шампионат, кога им судеа на репрезентациите на Швајцарија и Грузија, во рамките на “Б“ групата. Менде и Михајло ја делеа правдата на уште неколку натпревари, а за нивното судење добија добри оценки за почитување и спроведување на ракометните пропозиции, а секако и го задоволија и строгите правила на котролорите на Европската ракометна унија (ЕХФ).-Ова е голема сатисфакција и награда за 15 годишниот труд кој го имаме вложено во судењето, за постојана надоградба, за доусовршување според правилниците на ЕХФ во секој поглед. Се надеваме дека во иднина ќе ја оправдаме добиената судиска титула од страна на судиската организација, велат новите ЕХФ судии, Менде и Мухајло Илиевски.

Да потсетиме, Битола со нив двајцата моментално има пет меѓународни ракометни судии, то не е мала бројка. Тука се веќе искусниот пар Митревски и Тодоровски и Даниело Божиновски кој е во пар со Начевски од Скопје. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »