Денес во Битола се одржа традиционалната манифестација “Денови на Ростковски“ во организација на организација на Регионалното здружение за македонско-руско пријателство “А.А. Ростковски“, во чест и слава на рускиот конзул Александар Аркадиевич Ростковски, кој е убиен во 1903 година во Битола.
И годинава кај споменикот Руски крст во Битола се одржа панихида со која со која чиноначалствуваше владиката на преспанско-пелагониската епархија г.г. Петар, а потоа делегациите положија цвеќе.
Цвеќе положија Амбасадорот на Руската федерација Сергеј Баздникин, градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници на почесноот конзулатот на оваа земја во Битола.
Цвеќе положија и претставници на Меѓународниот Славјански Универзитет предводени од Јордан Ѓорчев и претставници на Регионалното здружение на македонско-руско пријателство „А.А. Ростковски“ со претседателот Драган Романски.
Зачувувањето на споменот за Ростковски и одбележувањето на неговото дело во Битола е нешто што ги поврзува двата народа, при тоа зајакнувајќи го пријателството и соработката, истакнаа амбасадорот Баздникин и градоначалничката Петровска.
Споменикот Руски крст е подигнат во 2003 година, сто години од убиството на А.А. Ростковски бил руски конзул и служел во Битола од 1895 година, за време на Илинденското востание, во близина на градскиот парк во Битола.
По тој повод делегации на Регионалното здружение на македонско-руско пријателство „А.А. Ростковски“ и на амбасадата на Руската федерација ја посетија Руската црква во Битола, а беше посетен и Буковскиот манастир.

“Денови на Ростковски“ во Битола, полагање цвеќе и панихида пред Рускиот крст (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Обвинителството со детали за сообраќајката кога загина 17 годишна девојка од Битола





