Press "Enter" to skip to content

По едно полувреме за двете екипи, победата за Еурофарм Работник (фото)

Пелистер – Еурофарм Работник 27:29 (12:15)

Градското ракометно дерби, второ во плеј-офот, оваа сезона повторно е за екипата на помладиот суперлигаш, Еурофарм Работник, а на двете екипи им припадна по една полувреме, првото за Пелистер, а второто кое го реши натпреварот за екипата Еурофарм Работник без двајца ракометари Пецаковски и Чаневски.Ракометарите на Пелистер одлично го започнаа натпреварот и со контри и брзи напади стигнаа до +4 (6:2), а по тијм-аутот на Темелковски “фармацевтите“ дојдоа до -1 (11:10). По ова следуваа одлични одбрани на голманите на Пелистер и головите на Јагуриновски Пелистер стигна до+3 да замине на одмор. Екипата на Еурофарм Работник не прими гол седум минути и стигна израмнување 15:15, а потоа и водство 15:16. По ова се беше во знак на екипата на Еурофарм Работник, а набрзо стигнаа тие до водство од +3 (18:21), а таа предност се одржуваше се до 54. минута 23:26. Пред крајот Пелистер стигна до -1 (26:27),  но Еурофарм Работник не дозволи нов пресврт на натпреварот кој заврши 27:29.Најефикасни кај Пелистер беа Јагуриновски со седум и Орјоканидѕе со шест гола, а кај Еурофарм Работник Граџан со седум, Дрогришки со шест и Кузманоски, кој запиша четири гола, сите во второто полувреме.