Деновиве во Битола, на старото место, во кафулето “Радост“ кај градскиот часовник се одржа фестивалот “300 Работи, триста“ на кој како е секоја година организиторот, Игор Трајковски – Фоја по 9. пат на едно место собра автори кои се претставија со 300 работи.
Фестивалот традиционално започна со промоција на “Колегиумски записник 008“ кој е составен од текстови, фотографии, графики и останати уметнички дела од веќе истакнати уметници или дебитанти од државата и светот. Илустрацијата на кориците како и целокупниот визуелен идентитет на овогодинешниот фестивал е дело на Иван Коцка Јанчев, кој живее и твори во Шенжен, Кина.
Селектори на уметничките дела од кои е составен зборникот се Илија Талев (Иле Косата), Димче Николовски (Димсата) и Игор Трајковски (Фоја). Зборникот се доделуваше на сите посетители на фестивалот како бесплатно фестивалско издание.
На првиот ден на програмата беше изложбата “Дигитал на платно“, а гостите ги забавуваше Damex (dj set).
На вториот ден, истот така во кафулето “Радост Кафе“ се одржа “Битола Рок(а)“ со Sanela LIVE и изложба “Stukh“, дизајн на храна а беше прикажана и селекција филмови на Илија Талев.
Последнит ден, синоќа, насловен како “Музика, храна и уметност“ гостите ги забавуваше Dejan Dex (dj set), се пдржа и дизајн на храна, а беше прикажано и видеото на Дамјан Везенковски.

Фестивал “Работи 300“, фестивал за литература и аудио визуелни уметности (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)
- Македонската филхармонија го изведе “Музички код“ во Битола (фотогалерија)
- Македонската филхармонија во Битола со концерт “Музички код“









