Press "Enter" to skip to content

Арис и ПАОК од Грција противници на Пелистер во подготвителниот период

Екипата на Пелистер од Битола, како пто најави тренерот Марјан Илиевски, за време на втората фаза од подготовките за наредната сезона, ќе ги одмери силите со двата најквалитетни клубови од соседна Грција, Арис и ПАОК, а ќе се играат и котролни натпреаври во Битола.

Веќе се договорени двете контролни средби против двата славни солунски клуба, Арис и  ПАОК. Со Арис ќе играат во Солун на осми септември во 18:00 часот, а пријателскиот натпревар меѓу Пелистер и ПАОК ќе се игра на 18 септември во 14:30 часот. 

Пелистерци се најдоа меѓу осумте ривали на подготовките и на ПАОК. Овој клуб важи за еден од подобрите колективи во Грција и тимот лани заврши на петтата позиција на табелата. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »