РК Еурофарм Пелистер од Битола ги отвора вратите на спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола за своите навивачи и симпатизери на почетокот на сезоната 2021/22.
Од утре (среда 08.09.2021) во 12:00 започнува продажбата на билети на веб страницата – https://kartieurofarm.mk за натпреварот од првото коло на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, закажан за в четврток во 17:00 часот. Од 14:30 часот на билетарницата на спортската сала ќе започне заверувањето на веќе купените билети.
Цената на билетот изнесува 100 денари. Се молат навивачите да дојдат порано пред почетокот на натпреварот во спортската сала „Боро Чурлевски“, бидејќи вратите ќе бидат затворени во 16:45 часот.