-Во мојата новинарска кариера има пишувано и регистрирано настани од спортот во Битола за кои може да се рече дека се историски и дека биле први по нешто, а пред 10 години имам регистирано дека во Битола се одиграл првиот официјален фудбалски натпревар, ноќе под рефлектори, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското спортско новинарство.
-Првиот фудбалски официјален натпревар, во ноќен термин, и под рефлектори е одигран во Битола пред точно десет години, на стадионот “Павел Шатев“ или како што битолчани го знаат овој терен, “Ќумурното“, вели Миновски и додава:
-Честа да го одиграат овој фудбаски историски натпревар ја имаа фудбалерките на Топ гол кои во пелагониското дерби, против екипата на прилепска Победа. Екипата на Топ гол ја водеше Кире Грбевски, кој и денес е на таа фунција во “неговиот“ клуб, инаку син на Цане Грбевски, познат поранешен фудбалер на Пелистер. На натпреварот победија битолчанките со 1:0.
Овој стадион кој е омилен кај битолчани од секогаш. Тука порано тренирале фудбалерите на Пелистер, играа фудбалерите на Транскоп, а тука се одигруваа натпревари од многу популарната градска лига.
Стадионот во 2011 година беше комплетно реновиран, а покрај нов терен се изградија соблекувални и трибини, и се поставија рефлектори. Потоа по неколку години на “Кумурното“ имаше нова реконструкција, природната трева беше заменета со вештачка трева, а тука се одигруваат натпревари од Првата фудбалска лига, од Втората фудбалска лига, општинските лиги…
-За помладите да појаснам од каде името “Ќумурно“. Теренот порано наместо трева имаше некоја црна згура, за која некои велеа дека е пепел која останувала од некој котел. Таква згура имаше и околу поранешниот фудбалски терен на војската, во Касарната, кој се наоѓаше на местото каде сега се изгради мал трговски центар, вели Миновски.

Деновиве пред 10 години: прв официјален фудбалски натпревар под рефлектори, го одигра ЖФК Топ гол (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Општина Битола: јавен повик за проекти за млади
- Одбележани 25 години од масакрот кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)










