Битола овие денови ќе гледа филм, ќе дише филм, ќе раскажува филм, ќе живее филм, ќе пее филм. Вечерва почнува 42.издание на ИФФК „Браќа Манаки“ со традиционалното доделување на наградите „Златна камера 300 за животно дело“, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ и проекцијата на филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума
На црвениот килим ќе поминат годинешните учесници и гости на фестивалот, ѕвездите-лауреати на фестивалските награди: Кристијан Бергер, Џослин Пук, Бајрам Северџан, кои веќе пристигнаа во Битола, членовите на жирито Филип Бергсон, Вим Ванакер, Суки Меденчевиќ, Соња Просенц, Димо Попов, бројни филмски работници, претставници на дипломатскиот кор и претседателот, Стево Пендаровски.
Ова издание на љубителите на филмската уметност ќе им понуди одлични десет долгометражни и десет кратки филмови, кои ги селектираа Слаѓан Пенев и Даријан Пејовски, ќе се одржат работилници со Кристијан Бергер, Џослин Пук и Грег Малканџи, но паралено со оваа програма, богатство од настани нуди и оф-програмата, проектите „Живи слики“, изведба на филмска музика на Широк сокак, пантомима перформанс, изложба на колекционерски винили и ЦД-а…
Сите овие настани од редовната и оф-програмата испреплетени меѓу себе нудат незаборавно доживување за сите кои деновиве ќе уживаат во филмската приказна, која како и изминативе 42 години, од Битола прави престолнина на филмската уметност.

Под мотото „И покрај се“ вечерва почнува 42. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)
- Македонската филхармонија го изведе “Музички код“ во Битола (фотогалерија)
- Македонската филхармонија во Битола со концерт “Музички код“









