Еурофарм Пелистер – Струга 45:20 (22:11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола Гледачи: 300
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски (Скопје)
Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Мараш 2, Ојлески 4, Н. Маркоски 4, Кукуловски 1, Мандалиниќ 6, Кушан 5, Радовиќ 1, Танкоски 2, Периќ 1, Костески 5, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 8, Табоада 6
Струга: Матовиќ, П. Маркоски 1, Јанкоски 2, Крстаноски, Пајкоски 4, Блажески 2, Ѓорѓиевски, Јанкуловски 3, Ферукоски 1, Табаковски 1, Стрезоски, Дукоски 5, Кастратовиќ 1, Костоски .
Трета победа за ракометарите на Еурофарм Пелистер во третото коло од Супер ракометната лига во Битола, над екипата на Струга, а претходно “пелистерци“ ги победија Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш. Екипата на Струга ја победија Струга со 45:20, полувреме 22:11.
Екипата на Еурофарм Пелистер натпреварот го започна со шаренолик состав и нови стартети на надворешните позиции беа Табоада, Танкоски и Велковски. Првите десетина минути беа израмнети, а потоа цврстата одбрана на домашната екипа донесе лесни голови на Табоада, Костески и Танкоски за високи +6 на половина од првиот дел, а на одмор се замина со високи +11 (22:11).
На почетокот од вториот дел продолжија да ја зголемуваат предноста, а на средина од второто полувреме беше 33:16. Со одличен финиш на фаворитот го приведе натпреварот кон крај, со победа од 45:20.
Најефикасни во домашната екипа беа Божиќ Павлетиќ со осум и Мандалиниќ и Табоада со по шест гола.
Веќе следниот викенд следи првото соочување на кандидатите за титулата, Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, а дуелот ќе се одигра во СЦ “Јане Сандански“ во Скопје.
[ngg src=”galleries” ids=”782″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]










