Битолачанецот Ристо Димитровски – Чурино продолжува со успесите кои ги постигнува во земјите од Блискиот исток.
Денес на вториот ден од “Ваван Спорт Најт“ во Кувајт освои злато во категорија граплинг до 70 кг, а неговиот ученик, Амар Ал Барвани освои сребро во џудо, а неговиот клубски колега сребро во граплинг.

Тоа е одличен успех за него и за неговиот клуб, а за два дена колку што траеше ова професионално натпреварување неговиот клуб со тројца учесници освои 6 медали.
Чурино вчера на отворено професионално џиу-џицу првенство кое е оджра во Кувајт на кое се натпреваруваа сите појаси против сите, победи плав и лилав појас, а изгуби од својот клубски колега Туфи. За овој средбрен медал Чурино беше награден со 1.000 долари.






