Press "Enter" to skip to content

Пелистер му се реваншира на Пролет за поразот

Пелистер – Пролет 62 23:19 (13:11)

Екипата на Пелистер успеа да и се реваншира на екипата на Пролет 62 и ја забележа втората победа во плеј-офот.

“Пелистерци“ добро го започнаа натпреварот и во текот на првото полувреме имаа резултатска предност, а постојаната разлика екипата на Пролет 62 на само два гола разлика успеа да ја намали дури во финишот на првото полувеме, кое заврши 13:11.

Второто полувреме започна со иницијатива на гостите кои по 10 минути игра дојдоа до нерешен резултат 15:15, а ракометрите на Пелистер брзо вратија на +3 разлика, за потоа повторно да биде нерешено 18:18.

На самиот финиш на средбата во последните пет минути од средбата екипата на Пелистер со головите на Чантурија обезбеди мирна завршица откако направи разлика која ракометарите ја зачуваа до крајот на натпреварот 23:19.

Најдобри стрелци кај Пелистер беше Чантурија со осум и Митиќ со четири голови.

Во следното коло, Пелистер ќе му гостува на Вардар, а Вардар утре ќе игра против Еурофарм Работник во Битола.