Иако сите кои ја следат работата и успесите на нашиот сограѓанин Александар Димовски – Димса се надеваа дека и на вториот професионален кик-бокс меч ќе забележи нова победа и победнички ќе ја продолжи својата професионална кик-бокс кариера тоа не се случи.
Димовски е поразен од Мемеми во профи мечот во кик-бокс К1 кој се одржа во спортската сала “Sazan Kimbo Brothers – Gum“ во градот Ротхрист во Швајцарија.
-Пораз со КО во вториот мој профи меч оваа година од противник во меч во кој влегов подготвен и самоуверен. Можам слободно да кажам дека добро го отворив мечот, но за жал едно мало невнимание, еден удар, иако бев делумно покриен со гардот, ме погоди во задниот дел на главата и “ме исклучи“ за една секунда, но за жал не можев да продолжам. Но, таков е овој спорт, иако се беше како треба школски подготвено, не стигнав во втората победа. Морам ја да пофалам организацијата на овој турнир во салата “Sazan Kimbo Brothers – Gum“ каде организаторите “Frizur Kimbo Brothers – Gum“ одлично го сработија целиот турнир. За крај сакам да искажам благодарност до сите кои ми помогнаа да стигнам до овој натпревар и до сите кои беа со мене на чело со Садин Зенк и Урим Саити, вели Алекдандар Димовски – Димса.
Иако Димсата е поразен преку социјалните мрежи во Битола добива пофалба за досегачната негова работа, а битолчани веруваат во него и очекуваат нови победи во профи рингот.






