Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во “Д“ групата од Лига Европа, тренерот и капитенот задоволни од жребката

Еурофарм Пелистер 0д Битола, како единствен македонски претставник во новата сезона на Европската лига на ЕХФ по денешната жребка се најде во групата “Д“ заедно со Татабања, АЕК Атина, Спортинг Лисанон, Ним и Кадетен Шафхаузен.

Почетокот на сезоната во Европската лига се планира за 19 октомври, а во првото коло француски Ним ќе гостува во Битола.

Капитенот, Јосип Периќ. го изнесе своето мислење по извекувањето на групите, а по заедничкото гледање на жеребката во клубските простории  рече:

-Добивме неколку екипи со кои игравме во претходните години. Задоволни сме од оваа група, па можеме да се надеваме дека ќе минеме понатаму. Мислам дека Французите се најквалитетни, а потоа Кадетен Шафхаузен. Потоа сите останати екипи се тука некаде по квалитет и мислам дека таму мора да ја бараме нашата шанса, но не е исклучено дека можеме да ги добиеме и другите два тима. Фановите во Битола ќе бидат наша дополнителна сила, бидејќи минатата сезона игравме пред празни трибини. Сметам дека оваа година ќе биде сосема поинаква приказна. 

Слично размислува и тренерот на “пелистерци“, Жељко Бабиќ, кој вели дека ќе биде тешко, ќе мора да се даде сè од себе и додава:

-Сите знаеме дека Европската лига е силна, со клубови од сличен квалитет, а тука спаѓаме и ние секако. По ждрепката можам да кажам дека групата која ја добивме е баш изедначена. Ќе биде многу интересно, но ако сакаме да минеме во следниот круг мораме да бидеме многу прецизни и дисциплинирани, ќе мора навистина да се испотиме. Сепак, како што ќе ни биде нам тешко, така ќе биде и за останатите. Јас лично се радувам дека ќе има одлични натпревари, но неблагодарно е да се прогнозира било што. Ја користам оваа шанса да ги поздравам и нашите навивачи, без нив сè е понинаку. Сепак, спортот се игра поради навивачите. Ги повикувам да дојдат, да се радуваме, да ни помогнат, а јас сум уверен дека ќе им вратиме и ќе победуваме на наш терен.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »