Петнаесет годишниот Марко Пејчиновски од Охрид, кој на 28 август го преплива Охридското Езеро иако има некроза на ногата, е ставен на листата херои на СН финансиско друштво од Битола и доби финансиска поддршка на викендот кој оваа компанија го посвети на тим билдинг со сите свои вработени во Охрид.
Освен учење и забава, СН финансиско друштво – Битола го покани Марко да биде нивни гостин. Марко, да потсетиме, на крајот на август 2018, тогаш на свои 12 години изведе вистински подвиг кога го преплива Охридското Езеро, од Свети Наум до градското пристаниште. Патеката ја преплива за околу девет часа, а бидејќи има некроза на ногата, најмногу ги користеше рацете. Малиот Пејчиновски тогаш изјави дека плива оти сака да оздрави кога ќе порасне. Марко денес има 15 години и тој со својата амбиција и храброст ја прави иднината посветла за сите.
Затоа СН финансиско друштво го награди со подароци и со парична награда. Како и досега, СН финансиско друштво продолжува со инвестирање во луѓето, нивниот потенцијал и во нивната светла иднина.
-Марко има некроза на еден дел на коската на ногата како резултат на пореметување на крвотокот. Тоа доведува и до проблеми со моториката. Тој во пливањето повеќе ги користи рацете отколку нозете и знае како да го синхронизира тоа. Јас немам видено таква волја. Кога ќе заврши периодот на неговиот раст, со мала интервенција, тој ќе биде целосно здраво дете, изјави познатиот уролог, д-р Горан Балевски, кој беше во екипата која го следеше подвигот на Марко во 2018 год.
Очекуваме тоа да се оствари набрзо и да прославиме заедно, повторно.

“СН финансиско друштво“ на својата листа не херои го додаде 15 годишниот Марко од Охрид
More from БитолаMore posts in Битола »
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)










