Press "Enter" to skip to content

Во 8. коло од плеј-офот Вардар лесно до победа против Пелистер во Скопје

Вардар – Пелистер 44:23 (23:11)

Битолските ракометари се поразено до екипата на Вардар на гостувањето во Скопје, во натпевар кој беше повеќе како тренинг за двете екипи. За Пелистер пред завршницата од плеј-офот, а за Вардар пред завршницата од европските настапи.

Иако ракометарите на Пелистер имаа колку толку рамнотежа во играта во првите минути сепак беа свесни дека не можат да направат ништо повеќе, а за брзо време беше 12:5, а потоа предноста се зголемуваше, за првото полувреме да заврши 23:11.

И во продолжението по одморот двете екипи продолжија со истата игра, а на крај натпреварот заврпи со 44:23.