Press "Enter" to skip to content

Пелистер по поразот од Шкупи само со теоретски шанси за опстанок

Пелистер – Шкупи 0:2 (0:2)

Неместо победа како што очекуваа љубителите на фудбалот во Битола и продолжување на борбата за опстанок во Првата лига екипата на Пелистер е поразена под Тумбекафе во последниот натпревар пред својата публика и е последна на табелата со 34 бода, еден бод помалку од конкурентите за испаѓање од лигата Победа и Скопје. Сега по овој пораз Пелистер опстанок има само по некои теоретски математики.

“Пелистерци“ први се обидоа да дојдат до победа, но ударите на Марковски и Ристевски не завршија каде требаше, во мрежата на гостите.Во 29. минута, манатогишниот играч на Пелистер, Баже Илиовски со  еврогол од над 25 метри на Шкупи му донесе водство од 0:1, а по само 10 минути чаирчани веќе имаа водство од 0:2 стрелец беше Имери по одлична акција и перфектна асистенција. 

Претходно по лошите одлуки на судијата Ставревски на штета на Пелистер имаше многу еасправии и жолти картони, а можеби за прв пат во Битола двајцата лекари беа исклучени од натправарот, а причините ги знае само судијата.

И двете измени на почетпокот на второто полувреме во Пелистер не донесоа ништо ново во Пелистер, кој во продолжението и немаше ниту една шанса за гол за евентуален пресврт на натпреварот.

Во следното, последно од оваа сезона, Пелистер ќе гостува кај шампионот и противникот во Куп-финалето Шкендија.