Автобус кој превезувал со работници утрово излета од патот Битола – Меџитлија, кај индустриската зона “Жабени“ се превртело, според СВР Битола, полесно повредени се петмина работници, кои биле амбулантски третирани и не се хоспитализирани.
-Сообраќајната незгода веднаш беше пријавена во СВР-Битола и наши полициски службеници извршија увид. Во автобусот се превезувале лица вработени во фабриката и се движеле кон Битола. Во сообраќајната незгода повредени се возачот и четири патници. Сите се вон животна опасност, изјави Сања Стаматова, портпаролка на СВР-Битола.
Засега не се познати причините за несреќата и колку патници имало во автобусот.