“Поинаку“ во новиот Совет на општина Битола ќе има тројца советници, старо-новите Габриела Илиевска и Иван Чулаковски, а нов ќе биде Алмир Адемовски, а денес од “Поинаку“ упатија благодарност до битолчани.
Носителката на листата Габриела Илиевска, заедно со Иван и Алмир порачаа:
-Најпрво Би сакале да се заблагодариме на сите што го дадовте гласот за “Поинаку“, на сите што на било каков начин ни помогнавте да стигниме до тука и на сите кандидати од нашата листа од еден до последен што безрезервно се вложија во минатиот период. Официјално “Поинаку“ ќе има 3 советници во новиот состав на битолскиот совет што значи дека ниедна политичка партија веќе го нема мнозинството во советот.
Не чека многу работа во овие 4 години за да ја вратиме Битола во вистинското светло кое го заслужува. Ви ветуваме дека ќе продолжиме по патот на кој сме тргнати и дека секогаш ќе останаме Поинакви.