На првиот натпревар на Еурофарм Пелистер во Битола на меѓународна сцена по година и половина битолчани имаа прилика да присуствуваат на меѓународен натпревар.
Според најновите мерки за заштита од ковид-19 во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола трибините беа исполнети со капацитет од 50%, односно натпреварот го следеа околу 1.500 љубители на ракометот.
Но, и со “пола сала“ публика во салата се постигна целосен ракометен амбиент, а битолчани повторно ја почуствуваа ракометната магија во Битола.
Во салата беа “Чкембарите“, ветераните на навивањето, сегашни и бивши ракометари, сегашни и идни политичари, ученици, млади ракометари…
Но, единствено што не одеше во прилог на комплетниот целосен ракометен амбиент беше резултатот на Еурофарм Пелистер, а доколку имаше поволен резултат целосниот ракометен амбиент ќе беше многу поубав.
Низ фотогалерија ви пренесуваме дел од расположението на трибините во Битола.
[ngg src=”galleries” ids=”807″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”33″ order_by=”filename”]










