За прв пат во Битола се организираше фан-зона, која беше поставена пред спортската сала во Битола, тоа е нов проектот на Еурофарм Пелистер, кој ги следи европските стандарди за комплетна организација на натпреварите.
Битолчани го искористија прекрасното време и попладнево се упатија кон градскиот парк и во сегментот пред спортската сала “Боро Чурлевски“, а тоа се покажа како полн погодок. Со ладно пиво, навивачки песни, клупски обележја и многу зелена боја со часови пред натпреварот се “билдаше“ атмосферата пред европското деби.
Видлив е и големиот број млади навивачи на Еурофарм Пелистер, кои имаат многу забава во ова импровизирано катче пред спортската сала.
Присуството на актуелни и поранешни ракометари на клубот, само ја подигна атмосферата и сите го чекаат почекаа натпреварот од првото коло во групата “Д“.
[ngg src=”galleries” ids=”808″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”25″ order_by=”filename”]










