Ракометарите на Еурофарм Пелистер се во Швајцарија, каде претпладнево ќе имаат лесен тренинг, а во 18,45 го играат вториот натпревар од групата “Д“ во ЕХФ Европската лига.
Двете екипи се поразени во првото коло, а Еурофарм Пелистер во Битола беше поразен од Ним од Франција.
Пред заминување за Швајцарија тренерот Жељко Бабиќ изрази оптимизам пред вториот европски предизвик за пелистерци и рече:
-Нашиот противник има голема традиција. Тие се силен тим, кој трча многу и игра цврста одбрана. Сигурно дека играме против сериозен противник против кого верувам дека ќе победиме. Одиме во Швајцарија со почит, но тоа е меч на кој можеме да победиме. Немаме многу што да менуваме. Јосип Периќ ќе започне од првата минута. Сè други е горе-долу исто. Мора да одиграме добра одбрана, а ако сакаме победа, мора да бидеме далеку попрецизни во напад.










