Ротари клуб Битола Широк сокак преку платформата ZOOM успешно одржа “он-лајн“ трибина за одбележување на Меѓународниот ден на полиото од отворен карактер, која беше проследена од преку 50 учесници.
-Оваа “он-лајн“ трибина беше организирана по повод Меѓународниот ден на полиото, а настанот е организиран во соработка со нашиот збратимен клуб Ротари Клубот Логатец од Словенија. На трибината се вклучија и претставници од нашиот збратимен клуб од Aurganabad West од Индија, рече Владимир Христовски, претседател на Ротари клуб Битола Широк сокак, кој упати и благодарност до сите учесници на трибината.
На трибината своја презентација имаше д-р Маргарита Камбовска, специјалист педијатар во специјалистичката гинеколошко акушерска болница “Плодност“ од Битола, која беше и модератор на целиот настан.
На трибината зборуваа уште и идниот избран гувернер на дистрикт 1912 за 2020/2023 Раде Христовски, Alja Žorž – Претседател на комитетот за меѓународна соработка на Дистриктот 1912.
На присутните им се обратија и претседателите на клубовите кои го организираа овај настан.

“Он-лајн“ трибина на Ротари клуб Битола Широк сокак за меѓународниот ден на полиото
More from ВестиMore posts in Вести »
- ФК Јени Мале со крводарителска акција
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- По 20. пат во Битола дефиле на Широк Сокак и тематска средба на “Мобилност Битола“ (фотогалерија)
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола





