Неколку екипи денес на пладне работеа во спортската сала “Младост“ во Битола средувајќи ги последните детали за утрешното отворање на завршницата од ракометниот куп на Македонија. Откако се постави новата герфлор подлога над паркетот на теренот, денес се поставуваа и головите и се поставуваа мрежи, а се работеше на комуникациските врски, радио, тв и интернер опремата.
Сите активности во салата “Младост“ ги контролира претставникот на Ракометната федерација на Македонија – Ќамил Металари, а во салата ги забележавме и претставниците на двата битолски клуба Пелистер и Еврофарм Работник.
Тука беа да помогнат и битолските спортски ракометни работници, а се на се, една атмосфера која може само да ги радува љубителите на ракометот во Битола, дека утре и сабота ќе гледаме ракометен куп како што заслужува Битола, во храмот на ракометот, спортската сала “Младост“.
Покрај работните екипи кои ја уредуваат “Младост“ на герфлор подлогата беа и мажоретките на студиото за танци “Expose“ кое ќе ја забавуваат публиката пред почетокот на средбите, паузите, тајм-аутите, прекините…
Утре првиот натревар започнува во 16,30 часот, помеѓу екипите на Пелистер и Вардар, а во второто полуфинале веднаш потоа, ќе играат Еурофарм Работник – Металург.






