Press "Enter" to skip to content

Завршни натпревари во гимнастика во ДТВ Партизан – Битола

Последните две саботи, Битола, односно, друштвото за гимнастички спортови Партизан, беше домаќин на завршните натпревари во гимнастика од “А“ и “Б“ лигата.

Натпреварите се одржаа во машка и женска конкуренција и тоа во сите категории.

Минатата сабота во ДГС Партизан во женска конкуренција учествуваа над 130 гимнастичарки, а оваа сабота имаше песедетина натпреварувачи.

Во овие натпревари учество зедоа млади гимнастичари од сите клубови од Македонија, кои се членови на Федерацијата за гимнастички спортови на Македонија.

Во машка конкуренција голема битка се водеше во сениорска конкуренција меѓу моментно најдобрите сениори во Македонија, Иван Крстевски и Дино Бошњак. Победник во оваа конкуренција е битолчанецот Крстевски.

-Овие натпревари покажаа со каков квалитет располагаат клубовите во Македонија и кои нивни гимнастичари се најдобрите по категории. Ме радува тоа што околу 200 млади гимнастичари се појавија во салата во Битола, на сите справи и категории. Што се однесува пак до тоа кои активности ќе ги имаме до крајот на оваа календарска година, можам да кажам дека откако ќе се сумираат сите резултати, ќе бидат прогласени најдобрите гимнастичари на Македонија за оваа година, ни рече претседателот на Федерацијата за гимнастички спортови на Македонија, Љупчо Арнаудов.