Вчера во Спомен домот на Блаже Конески во село Небрегово, Македонското научно друштво – Битола и Педагошкиот факултет – Битола организираа Академски час во чест на великанот Блаже Конески.
Со овој настан се заокружи серијата настани кои во изминатиов период ги реализираа двете институции, а со цел прославување на 100-годишнината од раѓањето на Конески и прогласувањето на 2021 година за година на академик Блаже Конески.
Во рамките на Академскиот час на присутните гости им се обратија Претседателката на МНД –Битола, доц. д-р Невена Груевска, и Деканот на Педагошки факултет – Битола, проф. д-р Добри Петровски.
Свое кратко виртуелно излагање имаше и Искра Талевска, авторката на документарниот филм со наслов „Бесмртноста на Блаже Конески“, чија втора проекција беше во Спомен куќата на Конески токму како дел од овој Академски час.
Пред присутните гости со свој краток рецитал на избрани стихови од поезијата на Конески се претставија студентите од Педагошки факултет – Битола, Јасна Талевска, Димитра Десановска и Дијана Нешковска. Проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска, пак, прочита своја песна посветена на Блаже Конески, којашто е дел од нејзината најнова збирка поезија „Пеш по воздушна линија“.
На настанот присутни беа професори од Педагошки факултет – Битола, членови на Македонското научно друштво како и професори по македонски јазик од средните и основните училишта во град Битола.

МНД Битола одржа Академски час во спомен домот на Коневски во Небрегово (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- УКЛО и пријателите со Отворен ден на Факултетот за биотехнички науки – Битола (фотогалерија)
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- ФК Јени Мале со крводарителска акција
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
More from КултураMore posts in Култура »
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)








