Битолските љубители на ракометот не останаа рамнодушни на тоа дека двете битолски екипи се поразени во полуфиналните средби и тоа дека две скопски екипи ќе се борат за големиот пехар за Куп победникот.

Но, првиот ден од завршницата од ракометниот куп, Ф4, помина во добра атмосфера која секако ќе беше подобра ако Пелистер и Еурофарм Работник беа поуспешни, но надвор од теренот на трибините имаше публика која знаеше да ги награди победниците, а секако и поединците.

На трибините беше престедателот на Ракометната федерација на Македонија Живко Мукаетов заедно со соработниците од РФМ, делегати, судии, ракометни работници од Битола и Скопје, а потоа и се приклучи и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска со нејзиниот тим од Општина Битола и локалната самоуправа, советниците, директори на јавни претријатија…

Општина Битола како сопственик на мнозинскиот пакет на акциите на РК Пелистер како еден домаѓин, а како втор домаќен беше Еурофарм Работник, а на трибините беше првиот човек Силјан Мицевски, како и претседателот Зоран Стерјев и секако раковдството на компанијата “Еурофарм“ која е генерален спонзор на клубот.

Не можеме сите да ги споменеме по име, но објективот на нашиот фоторепортер забележа голем број на познати спортски фаци на трибините, но тука беа мажоретките кои дадоа посебен шарм на првиот ден на полуфиналните средби.

Полуфиналињата надвор од теренот, кој се беше на трибините (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- По триумфот над лидерот, на ред е шампионот, Стајиќ: да продолжиме со добри игри и против МЗТ
- Пелистер ја победи Брера и освои три бода важни за опстанок
- 400 учесници на Велигденскиот турнир на КК Младост во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер со лесна и убедлива победа против Тиквеш
- Конзули ветерани од Битола на Гран при турнир “Erima Tour“ во Крањска Гора, Словенија (фото)





