Вардар – Металург 30:26 (14.12)
Во 26. издание на ракометниот Куп на Македонија кој се одигра во Битола, Вардар го освои 13. куп победувајќи Металург 30:26, полувреме 14:12.

Финалето започна изедначено а во првите пет минути беа постигнати само два гола, а потоа поведе Металург со два гола 2:4 и 3:5. Следуваше серија голови на Вардар по грешките на противникот, а на пауза се змина со 14:12.

Во продолжението секоја грешка во офанзивата со играч повеќе и без голман беше сурово казнета, а предноста растеше од минута во минута.По две одбрани на одличниот голман на Металург Томовски и брзата реализација во нападот Металург дојде -4 во 50. минута, но Вардар ја сочува предноста за победа од 30:26 иако Металург беше бодрен од битолската публика, што не му помогна.

Најефикасен кај Вардар Дибиров со 6, а кај Металург, Кузмановски и Јагањац со по 7 гола.






