По одржаните општински натпревари во пинг-понг за основните училишта, во организација на Сојузот за училиен спорт од Битола, деновиве најдобро пласираните се натпреваруваа на државно првенство во пинг – понг, кое се одржа во Тетово.
На ова државно првенство на кое се натпреваруваа 70 ученици од државата, Општина Битола се претставени со 3 ученици, кои ги освоија следните пласмани:
-Филип Ангела од ОУ “Климент Охридски“, го освои 4 тото место,
-Дарко Китановски од ОУ “Коле Канински“ 8 то место и
-Миа Диневска од ОУ “Даме Груев“ се пласира на 10 тото место.










