Во новите клубски простории на Пелистер Волеј беа потпишани договори со речиси сите одбојкарки на тимот, а потпис за прв пат ставија и младинките.
Екипата на одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј благодарение на генералниот спонзор и поддржувач, гигантот “CERMAT“ ја зацврсти својата екипа на сите позиции на подолг рок, а покрај што се потпиша договор со засилувањето од Србија, потпишаа и сите останатите одбојкарки, што ќе значи сигурна иднина на клубот за определен период.
-Пелистер Волеј оваа сезона доведе едно засилување од Србија, примачот Ана Ивановиќ, а во план се и нови засилувања со кои ќе се бориме во остатокот од сезоната во пролетниот дел. Потписите ги заверија техничаркита и капитен Михаела Цветановска, коректорката Ивана Белокозовска, примачот Стефани Најдановска, средниот блокер Меланија Каралиоска, како и либерото Андреа Стојановска, рече Александар Темелковски, претседател на Пелистер Волеј.
Претседателот Темелковски се осврна и на тие кои за прв пат потпишаа договори и додаде:
-За прв пат на подолг рок падна договор за соработка со младата коректорка Анастасија Ристевска, техничарка Билјана Јаковлевска, примачите Василикија Наумоска и Ирина Трајковска, либерата Ана Ицковска и Викторија Наловска, како и со средните блокери Сандра Дамчева и Христина Трајчевска.
Од Пелистер Волеј истакнаа задоволство што во тимот, межу девојките е повратникот од Данска е младата Ева Трпеновска која повторно работи со нашата екипа, а секако тука се и најискусните Ана Марија Шехи и Теодора Андоновска.
Средбата со новинарите при потпишувањето на договорите преседателот Темелковски ја искористи приликата да им искажат благодарност за првиот дел од сезоната на нивните поддржувачи.

Пелистер Волеј потпиша нови договори со целиот тим за сигурна иднина (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Инвестиција од 46 милиони евра во хидроелектраните на АД ЕСМ: Модернизацијата на опремата ќе донесе зголемено домашно производство и приходи од најмалку пет милион евра годишно
- Со нова механизација се модернизира “Нискоградба“ Битола
- Регионална платформа за млади во Битола – моделот од Пелагонија со потенцијал за примена и во други региони во земјата (фото)
- СВР Битола: пријава за физички напад, пронајдено починато лице
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето









