Во Офицерскиот дом во Битола се одржа турнирот во брзопотезен шах, организиран од страна на шаховскиот клуб “Стево Патако“ од Битола и шаховскиот клуб Прилеп, кој носеше наслов “Пелагонија 21“.
Брзопотезниот шаховски турнир го отвори Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, а на шахистите и присутните во салата им се обрати претседателот на шаховскиот клуб “Стево Патако“ од Битола, Сашко Павловски.
Првото место на турнирот го освои битолчанецот Гоце Гецовски, второто Кире Николоски од Прилеп, а третопласиран е Дејан Ѓоргески од Прилеп. Најдобро пласиран играч до 18 години е Марјан Христовски од Битола.
Натпреварите во шах се одиграа на систем 9 кола “швајцарски систем“ според ФИДЕ правилата за брзопотезен шах каде играчите добиваа по 5 минути со додаток 3 секунди по потег.

Гоце Гецовски победник на брзопотезниот шаховски турнир “Пелагонија 21“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Инвестиција од 46 милиони евра во хидроелектраните на АД ЕСМ: Модернизацијата на опремата ќе донесе зголемено домашно производство и приходи од најмалку пет милион евра годишно
- Со нова механизација се модернизира “Нискоградба“ Битола
- Регионална платформа за млади во Битола – моделот од Пелагонија со потенцијал за примена и во други региони во земјата (фото)
- СВР Битола: пријава за физички напад, пронајдено починато лице
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето









