Press "Enter" to skip to content

Традицијата продолжува, битолчани ќе навиваат за Македонија и во Дебрецин

Дваесетина битолчани се најголемите навивачи на македонската репрезентација веќе десетина години на европските напревари, а вечерва ти тргнаа на пат од Битола кон Унгарија да ја продолжат традицијата. Впечатливото, македонското знаме на кое стои напишано, кратко, Битола, и овој јануар ќе биде мета на сите фоторепортери утре на првиот натпревар Македонија – Словенија, а гордо ќе го веат Тигана, Мими, Валентин, Слончето, Менде, Крстичо, Андреј, Горан…Но, нема да бидат само тие од Битола, таму ќе бидат Стефан, Бојан, Шизико…