Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола со натежнати бројни проблеми се враќа во 100% сопственост на Општина Битола.
Фудбалерите на Пелистер денес во 13 часот ја одржа прозивката на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола, а на прозивката се јавија сите фудбалери кои беа се на располагање на стручниот штаб.
Градоначалникот Тони Коњановски и директорот на ЈП “Водовод“ Пеце Милевски, беа на првата прозивка, на која со фудбалерите и стручниот штаб, разговараа за проблемите со кои се соочува ФК Пелистер.
Градоначалникот Коњановски, на средбата информираше дека локалната самоуправа во соработка со новата управа на клубот ќе даде комплетна поддршка на функционирањето на ФК Пелистер со цел негова стабилизација и санирање на заостанатите обврски, а во насока на постигнување на високи резултати на клубот во пролетната сезона.
По состанокот со градоначалникот фудбалерите на Пелистер предводени од Горан Ганчев го одржаа првиот тренинг.
Зарада зачувување на теренот на стадионот фудбалерите ќе тренираат на “Ќумурното игралиште“.

ФК Пелистер стартуваше со подговките, на прозивката и градоначалникот Коњановски (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Инвестиција од 46 милиони евра во хидроелектраните на АД ЕСМ: Модернизацијата на опремата ќе донесе зголемено домашно производство и приходи од најмалку пет милион евра годишно
- Со нова механизација се модернизира “Нискоградба“ Битола
- Регионална платформа за млади во Битола – моделот од Пелагонија со потенцијал за примена и во други региони во земјата (фото)
- СВР Битола: пријава за физички напад, пронајдено починато лице
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето









