Press "Enter" to skip to content

Во јуни Кубанецот Табоада си заминува од Пелистер, потпиша договор во Данска

Еурофарм Пелистер по крајот на оваа сезона ќе остане без услугите на бекот Реиние Табоада, кој по завршувањето на оваа сезона заминува од Битола. Кубанецот ја напушта Битола, Македонија и заминува во данскиот клуб Фредериција.  Реиние Табоада договори соработка до 2024 година.

-Данската лига е на високо ниво, треба да бидеш подготвен за секој натпревар. Фредериција е клуб кој напредуваше во последните сезони и мислам дека е добар проект за мене да бидам дел од него. Ќе се борам со тимот да се пласираме во европскте купови и да завршиме на врвот на табелата. Моето семејство и јас со нетрпение очекуваме да се преселиме во Фредериција, да играме пред навивачите за кого имам слушнато добри работи.   

Табоада кој сезонава во Европската лига во дресот на Еурофарм Пелистер има постигнато 27 гола и 12 асистенции.

More from ВестиMore posts in Вести »