Press "Enter" to skip to content

Марјан Секуловски – нов тренер на ФК Пелистер (фото)

Спортскиот директор на ФК Пелистер од Битола, Ванчо Мицевски, денес под Тумбекафе на фудбалерите и на јавноста им го претстави новиот тренер Марјан Секуловски на кој ќе му помагаат Горан Ганчев и Горан Пашовски.

Марјан Секоловски е нов тренер на фудбалерите на Пелистер, а тоа е првиот потег на новата управа на ФК Пелистер, а тој се враќа во Битола каде неколку пати работеше, а доаѓа на местото на Димитар Капинковски кој поднесе оставка во текот на есенскиот дел. Секуловски со успех ја водеше Брегалница од Штип, од каде замина заради приватни причини, по постигнати одлични резултати.

Секуловски по претставувањето го одржа и првиот тренинг, а за идниот предизвик рече:-Прво сакам да и се заблагодарам на новата управа за довербата која што ми ја укажа. Пелистер е секогаш предизвик, особено за нас битолчаните кои што го сакаме. Ситуацијата не е најсјајна, меѓутоа надежта последна умира. Наша задача е да го стабилизираме клубот, да биде рамноправен противник со другите и на секој натпревар да се потрудиме да освоиме бодови. Имаме три недели до почеток на првенството, во тој период би сакале да одиграме најмалку три контролни натпревари. Мислам дека во текот на следната недела ќе го консолидираме играчкиот кадар, ќе се потрудиме да донесеме квалитетни играчи и пак ќе речам наша цел на секој натпревар ќе биде да атакуваме на победа. Се надеваме дека ќе направиме добри резултати.Инаку, Секуловски во својата тренерска кариера има работено покрај во Пелистер и во Новаци, 11 Октомври, Силекс, Македонија ЃП, Ајејавади јунајтед во Мјанмар, како и Јангон јунајтед,  Шан јунајтед и Мазија С&РЦ.

More from ВестиMore posts in Вести »