Екипата на Еуорофарм Пелистер од Битола им овозможува на тренерскиот кадар да напредува и да се надоградува, а деновиве во Битола членовите на стручниот штаб Божидар Мојсов и Ице Соколески се стекнаа со највисоката ракометна лиценца, ЕХФ мастер коуч.
Двајцата помошници на Жељко Бабич, Мојсов и Соклески беа од шестдневниот семинар во Врњачка бања, во организација на ЕХФ и Српскиот ракометен сојуз, и двајцата македонски го завршија својот завршен модул.
Покрај одбраната на темите, на семинарот свои предавања на неколку теми имаа Марко Исаковиќ, Жолтан Марчинка и Владимир Копривица.
Божидар Мојсов неколку пати го водеше тимот на Еурофарм Пелистер на домашните и межународните натпревари, а Соклевски е стандарден тренер на голманите во Битола, а на ова европско првенство беше тренер на голманите на македонската сенорска репрезентација, во подготовките и на натпреварите во Дебрецин.










