Press "Enter" to skip to content

Ракометарите на Еурофарм Пелистер заминаа за Хрватска, ќе тренираат во Загреб

Како и најави тренерот на Еурофарм Пелистер денес, по десетдневна работа во Битола, отпатуваа во Хрватска каде ќе ја одржат втората фаза од подготовките за престојната пролетна полусезона.  Еурофарм Пелистер за ракометна база го одбра Загреб, каде ќе тренира, а од таму ќе оди во Словенија каде ќе има пријателски контролни натпревари.

Подготовките во Хрватска ќе траат седум дена, а контролни натпревари ќе има прорив екипите на Загреб, Пивоварна Лашко и Сесвете.

На овие подготовки во Хрватска од Битола заминаа: голманите Секељи, Кизиќ и Ивановски, Ојлевски, Табоода, Обраовиќ, Кукуловски, Танковски, Периќ, Велковски, Костески, Божиќ – Павлетиќ, Граџан. 

Повикани ракометари од Еурофарм Пелистер 2 се: Кузманоски, Атанасијевиќ и Арсеновски. 

Отсутни ракометари: Мандалиниќ, Радовиќ, Маркоски, Маџовски кои заради повреда ќе останат да работат во Битола и Мараш поради учество на Европско првенство.

Првиот официјален натпревар во 2022 година Еурофарм Пелистер ќе го одигра во првата недела од февруари. 

More from ВестиMore posts in Вести »