Новата управа и новиот стручен штаб, на чело со Марјан Секуловски продолжуваат со намерите да се екипира Пелистер од Битола, а тоа го прават и со враќање на што е можно повеќе млади битолски фудбалери кои играат низ македонските клубови. Во таа насока двајва млади фудбалери се вратени под Тумбекафе, а тоа се Христијан Торневски и Бојан Стефановски.
Торневски игра во нападот, шпиц играч кој започна во фудбалската школа Талент на Златко Цветановски, а пет сезони настапуваше во академијата на Пелистер. Торнески беше дел од младинската екипа, родени 2003 година и помлади, каде беше и капитен. Тој веќе дебититаше и за сениорската екипа на Пелистер, а минатата година премина во редовите на Брегалница.
Старо-нов член на Пелистер е дефанзивецот Бојан Стефановски, кој исто така дебитираше за сениорската екипа на клубот од Битола, но првата полусезона ја помина во третолигашот Новаци.










