Новата Управа предводена од спортскиот директор Ванчо Мицевски продолжува со враќање на битолските фудбалери во матичниот клуб Пелистер. По враќањето на двајцата фудбалери од школата на Пелистер во клубот, денес Управата објави дека и Александар Поповски се врати во Пелистер.
Поповски, младиот фудбалер за врска последната една и пол сезона ја мина во второлигашот Тетекс, а тој е петтото ново име во Пелистер по сенегалецот Али, Љамчевски, Стефановски и Торневски.
ФК Тетекс на својот официјален ФБ профил му се заблагодари на својот досегашен фудбалер.










