Вардар Неготино – Пелистер 0:2
Екипата на Пелистер од Битола под водство на новиот тренер Марјан Секуловски со победа стартуваше во контролните натпревари во подготовките за пролетниот дел во кој ќе се обидат да обезбедат опстанок во Првата фудбалска лига.
“Пелистерци“ победија против екипата на Вардар Неготино со 2:0 во натпревар во кој тренерот Секуловски им даде шанса на сите фудбалери на кои смета во пролетниот дел, а головите ги постигнаа Здравевски и Димитровски.
Битолчани играа на тежок терен, а во натпреварот Секуловски на терен го виде квалитетот на секој фудбалер во првиот натпревар.
Екипата на Пелистер до стартот на пролетниот дел ќе одигра уште два натпреаври Воска и против Велешта.










