Пелистер – Металург 28:34 (16:17)
Спортска сала: “Младост“ во Битола.
Гледачи: 800.
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.
РК Пелистер: Рајичиќ, Јовановски, Брауновиќ, Петров 2, Јагуриновски 5, Рајатовски 1, Чантурија 3, Димитровски 5, Апостоловски 1, Орјоникидзе 6, Митревски 1, Ивановски 1, Митиќ 2, Тодоровски, Везенковски 1.
Седмерци: 0. Исклучувања: 10 мин.
РК Металург: Томовски, Даниловски, Маџовски 1, Јагањац 8, Димитриоски, Токиќ 2, Шилегов 3, Танкоски, Серафимов 1, Кузмановски 11, Илиќ, Велковски 2, Пешевски 4, Матијашиќ, Лазаревски 1, Арсеновски 1.
Седмерци: 3/3. Исклучувања: 4 мин.
Екипата на Металуг е победник и во последниот натпревар против екипата на Пелистер за оваа сезона, во претпоследното 9. коло од плеј-офот на Супер ракометната лига.
Екипата на Металург во второто полувреме дојде до победа откако во првиот дел не ја потврдија улогата на фаворит на оваа средба, а “металурзите“ посебно беа мотивирани во завршницата на натпреварот, кога одиграа добро во одбраната, за која “пелистерци“ немаа решение.
Почетокот на средбата мина во знакот на домашниот тим, кој прв дојде до предност поголема од еден гол, 3:1 и 4:2, по што екипата на Металург набрзо резултатски пресврт, поведувајќи со 6:10, а Пелистер за само неколку минути се врати во игра со своја серија од 4:0, за израмнети 10:10. Првото полувреме го добивме со минимални 16:17.
И второто полувреме започна во ист стил се до резултат 20:20, а потоа Металург направи серија 6:0 и конечно го скрши отпорот на битолчаните, а разлика остана до крајот.
Воо екипата на Пелистер најдобар стрелец беше Орјоникдзе со шест, а Јагуриновски и Димитровски дадоа по пет.






