Во Спотрската сала “Борис Трајковски“ во Скопје се одржа Државното првенство за кик-бокс, во организација на КМФМ. На ова натпреварување кое е од највисок ранг во нашата Држава настапи и Леа Бошевска од кик-бокс клубот Самурај од Битола.
Бошевска го освои првото место со што ја освои титулата државен првак во категорија кик-лајт до 50 килограми во сениорска конкуренција.
Со оваа титула Леа Бошевска уште еднаш си го потврди своето место во репрезентацијата, за која на следните Европски и Светски натпреварувања ќе настапи во сениорска конкуренција.
Иако Леа има само 18 години, нејзиното богато натпреварувачко искуство ја става рамо до рамо со најдобрите Кик боксерки на светски ранг. Таа ќе учествува на повеќе меѓународни турнири кои ќе се одржат во соседните земји.










